АВМУ: Aпасиев како носител на јавна функција треба да биде свесен за тежината на секој кажан збор

пред 3 години

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го осуди однесувањето на пратеникот и лидер на политичката партија Левица, Димитар Апасиев кон новинарките Габриела Димковиќ – Мишевска и Мери Јордановска од онлајн медиумот „А1он“.

„Имајќи предвид медиумите се еден од стожерите на демократијата и како такви треба да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и закани, сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, дискредитирање и етикетирање на новинари“, се наведува во соопштението на АВМУ.

Во него се додава дека надзорот на јавноста е еден од темелите на слободата на политичка дебата и носителите на функции може да бидат предмет на силна јавна критика преку медиумите.

„Токму поради тоа, тие, наместо да користат непримерна комуникација треба да бидат свесни за за тежината и одговорноста за секој искажан збор“, се посочува во соопоштението.

Агенцијата потсетува на неопходноста од почитувње на европските стандарди за слобода на информирање и апелира да не се употребува јазик којшто може да ги поткопа овие вредности.

Scroll to Top