Автомобил удри жена кај Католичка црква

пред 3 години

Шеесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил на крстосницата од улица “Митрополит Теодосиј Гологанов” и улица “9-ти Мај” во Скопје.

Како што соопшти МВР, М.С.(39) од Скопје управувајќи автомобил “фолксваген” удрил во Л.К.(67) од Скопје. На Л.К. и е укажана лекарска помош во Градска општа болница “Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Scroll to Top