Акција „Бегалец“: За две недели приведени 59 лица за издржување на затворски казни до 10 години

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи, во рамките на оперативната акција „Бегалец“, презема интензивни мерки за пронаоѓање и приведување на лица за издржување на затворски казни, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој рече дека во периодот од 15 септември до 1 октомври, пронајдени и приведени се 59 лица, кои потоа се спроведени со соодветните институции за издржување затворски казни до 10 години.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со полицијата од други земји, презема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и екстрадирање на лица кои избегале, а се предмет на претрес од страна на нашите институции.

„Екстрадирано е лице од Германија кое бара затворска казна од 32 години и шест месеци. Екстрадирано е лице од Австрија кое бара затворска казна од десет години, а во текот на овој период се екстрадирани и уште неколку лица“, информира портпаролот на МВР.

Scroll to Top