Алијанса за Албанците: Можен е договор помеѓу Заев и Мицкоски за ослободување на напаѓачите од 27 април

пред 3 години

Од Алијанса за Албанците се сомневаат на можен договор помеѓу Заев и Мицкоски на лидерската средба за ослободување на учесниците за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Вчерашиот протест со кој се бараше ослободување на осудените за настаните во Собранието за оваа партија е срамен и скандалозен, затоа што според нив правдата не може да биде задоволена со договорени амнестии за политичари и нарачатели за упадот во Парламентот.

„Настаните од 27 април за жал се уште не се расчистени до крај. Освен тие што веќе завршија таму каде што им е местото, во затвор, има и многу други кои треба да бидат таму, но со помош на сегашната власт успеаа да побегнат од правдата. Кога сме кај вчерашните протести, клучното прашање е дали можеби барањето за ослободување на терористите е договорено на последната средба помеѓу Заев-Мицковски, а аргументот за тоа е сведочењето на Заев во судските процеси за 27 април, при што самиот се поставува во улога на сведок и одбрана на обвинетите без да го прашува никој.

На нас како држава ни треба правда, а не амнестирање на криминалци и политичари кои на 27 април извршуваа наредби за убиства и насилство. Политичарите, без разлика кои се, треба да извлечат поуки од минатото, за да не ни се повторува истато во иднина” велат од Алијанса за Албанците.

Scroll to Top