АНБ за Камчев: Ако постојат сознанија за бегство, должни сме да го известиме Обвинителството

пред 3 години

Доколку постојат основи на сомневање дека се подготвува, организира или е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, Агенцијата е должна веднаш да го извести надлежното Јавно Обвинителство, велат од Агенцијата за национална безбедност во врска  со случајот со определување на притвор за Јордан Камчев.

„АНБ во рамките на своите надлежности согласно член 6, а во врска со член 4 од Законот за АНБ, достави до надлежното Јавно Обвинителство информација за добиени сознанија за преземени подготвителни активности за бегство на именуваниот во странство, а поврзани со тековните постапки кои Обвинителството ги води против него. Согласно наведените одредби доколку постојат основи на сомневање дека се подготвува, организира или е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, Агенцијата е должна веднаш да го извести надлежното Јавно Обвинителство“, се наведува во соопштението.

Со оглед на тоа што против именуваниот се води истражна постапка, велат од АНБ, надлежното Јавно Обвинителство достави предлог за определување мерка притвор, а судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Scroll to Top