Анкета на „Макфакс“: Граѓаните најзадоволни од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски

пред 4 години

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Од кој градоначалник најмногу сте задоволни“ , повеќето од испитаниците, односно повеќе од половина, се изјасниле дека се најзадоволни од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

За Димитриевски се изјасниле 53,3 отсто од испитаниците, додека за градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев својот глас го дале 16,5 отсто од испитаниците. 15,4 отсто од испитаниците во онлајн анкетата на „Макфакс“ сметаат дека најдобар градоначалник е првиот човек на Град Скопје, Петар Шилегов, додека за 9.0 проценти од испитаниците најдобра е градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

За градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, пак, се изјасниле 5.8 отсто од испитаниците во анкетата.

Анкетата беше спроведена од 2 октомври годинава и траеше 24 часа.

Scroll to Top