Апелација ја преиначи пресудата – виновникот за сообраќајката кај Млечен доби две години затвор

пред 3 години

Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи пресудата за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“ во Скопје што се случи во октомври 2018 и во која загина едно лице и наместо условна казна одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило.

Информацијата на „Твитер“ ја објави сопругата на загинатиот.

„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа Димитриевска.

Јавното обвинителство пред пет месеци вложи жалба до Апелациониот суд.​ Кривичниот суд на 4 септември лани изрече условна казна од две години за обвинетиот, што предизвика лавина од реакции во јавноста.

Во соопштението од Јавното обвинителство прават краток осврт и потсетување на настанот во кој почина возач на мотоцикл, а тешко беше повредена и неговата сопруга, сопатничка на мотоциклот, која го загуби нероденото бебе.

Scroll to Top