Атина: Нашиот став не е сменет, Грција ја поддржува европската перспектива на С. Македонија

пред 3 години

Ставот дека Грција е со непроменета позиција во однос на поддршката на европската перспектива на Северна Македонија, уште еднаш го повтори портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите.

-Ставот на Грција во однос на интегративниот процес на Северна Македонија останува непроменет. Ќе го повторам уште еднаш. Ние го поддржуваме овој процес веќе децении, од 2003 година секако согласно со поставените услови и оваа позиција, воопшто не е променета, рече Папајоану.

Scroll to Top