Ахмети на негово барање порано од предвиденото дал исказ за „Попис“

пред 4 години

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска бил во Обвинителството за организиран криминал и корупција, на распит за пропаднатиот попис во 2011 година. Ахмети во обвинителството дошол порано на негово барање, околу 8 часот, дал исказ и заминал, иако првично беше најавено дека ќе се дојде во 10 часот, потврдуваат од Обвинителатво. Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција. Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според СЈО, со стопирањето на пописот на населението тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е во бегство, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра. Текстот Ахмети на негово барање порано од предвиденото дал исказ за „Попис“ е превземен од А1он .

Scroll to Top