Битолчанец фатен со 2.400 парчиња пиротехнички средства

пред 3 години

Битолската полиција денеска извршила претрес во домот на 38-годишниот Ѓ.Ф., при што пронајдени биле 2.404 парчиња пиротехнички средства.

Како што информираат од МВР, Ѓ.Ф. е приведен, а по документирање на случајот против 38-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top