Борел го охрабри Заев да продолжи со исполнување на реформите на патот кон ЕУ

пред 4 години

Кабинетот на шефот на европската дипломатија, Џозеп Борељ, по видеосредбата со македонскиот премиер Зоран Заев, порача дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и ја охрабри Владата за реформските напори.

Премиерот Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска остваруваат низа виртуелни средби со ЕУ челниците.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Борељ, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабиент, му честитал на Заев за неговиот реизбор и ја охрабрил неговата Влада да продолжи да ја исполнува реформската агенда за ЕУ.

– Тој исто така повторни дека ЕУ останува посветена да и помогне на Северна Македонија во справувањето со пандемијата на коронавирусот и нејзините последици, информираа од Кабинетот на Борел.

Оттаму, во тој контекст, потсетуваат на Економскиот и инвестициски пан за долгорочно закрепнување на економијата на регионот.

Шефот на дипломатијата на ЕУ го поздравил и фактот што Северна Македонија се усогласува сѐ повеќе со позициите на Унијата во делот на надворешната политика.

Scroll to Top