Братот на Ел-чека, Блерим Ахмеди е организатор на откажаните протести за„Монструм“

пред 3 години

Братотот на контроверзниот Ел-чека Блерим Ајдари е организаторот на денешните протести кои требаше да се одржат против затворските изречени пресуди за случајот „Монструм“.

Ајдари уредно го пријавил протестот во МВР на 22 март и според најавата тој требаше да започне во 13.30 од паркот од Чаир, но сепак протестот не одржа, ниту пак е презакажан за друг термин. Наводно, протестите не се одржале заради присуство на делегации во Владата.

Претходно роднините на осудените се оградија од денешниот протест и рекоа дека немаат никаква поврзаност со него , потенцирајќи дека немале контакт со лицата кои го закажале настанот во полицијата. Тие најавија, дека ќе протестираат идниот петок, на 2 април.

Инаку, Блерим Ахмети е братот на Ел Чека, кој преку својот “Фејсбук“ профил од Чикаго објавуваше прислушкувани разговори на влијателни членови на ДУИ, меѓу кои и за лидерот на партијата Али Ахмети . Братот на Ел чека, организираше и протести за т.н бомби за ДУИ, за што во 2019 беше уапсен од страна на полицијата.

Scroll to Top