Бројот на починати од Ковид-19 на дневно останува висок, намалување кај новозаразените

пред 3 години

Бројката на регистрирани нови случаи на заболени со Ковид-19 веќе неколку дена по ред е во намалување, но бројот на починати на на дневно ниво и натаму е алармантен.

Вчера беа регистрирани 489 нови случаи на коронавирусот од 2.841 тестирања, починати 33 лица и 905 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 703.569 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943. Во Скопје има 7968 активни случаи, во Битола 1205, Куманово 1204, Прилеп 892, Охрид 751, Тетово активни 646, Велес 635, Струмица 558. Во другите градови има помалку од 500 активни случаи.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1581 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а во се лекуваат 639 лица.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 132 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти.

Голем дел од пациентите во главниот град како што, истакнуваат од Министерство за здравство, се на кислородна поддршка.

Во ковид центрите во Скопје има околу 110 слободни места.

Статистичките податоци објавени од Министерството за здравство покажуват дека во Битола се хоспитализирани 131 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19, Струмица 116 пациенти, во Велес се лекуваат 98 болни, а во Куманово 97, во Прилеп 91, во Штип 87 пациенти. Во другите градови има помалку хоспитализирани.

Scroll to Top