Бучковски на средби со државниот врв во Софија

пред 3 години

Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, од денеска е во официјална посета на Софија.

„За време на престојот ќе имам состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов“, најави Бучковски за БГНЕС.

Во четврток е палнирано да има средба со претседателот Румен Радев.

„Доаѓам на покана на бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со добра волја “, потенцираше Бучковски.

Бугарија на состанокот на Советот на министри во Брисел стави вето на преговарачката рамка за Северна Македонија, за почеток на преговорите со Европската Унија.

Scroll to Top