Вархеји: Сѐ помали шанси за Северна Македонија, земјата мора да вложи дополнителни напори

пред 3 години

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави денеска дека сѐ помали се шансите дека Северна Македонија и Албанија до крајот на годинава ќе ги започнат преговорите за пристап во Европската унија.

„Сѐ уште се надевам, но за жал, сѐ помалку е извесно дека оваа година можеме да ги усвоиме преговарачките рамки,“ рече Вархеји во надворешно-политичкиот одбор на Европскиот парламент, за време на расправата за ситуацијата со Западниот Балкан, 25 години по Дејтонскиот договор.

Еврокомесарот додаде дека Европската комисија и германското претседателство со ЕУ и натаму работат со земјите-членки на обидите да се најде решение за новиот евроинтеграциски исчекор на Скопје и Тирана.

Според Вархеји, Македонија „мора да вложи дополнителни напори за да им излезе во пресрет на загриженостите на Бугарија“ за да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете земји.

Scroll to Top