Велешкиот театар по седум месеци пауза, вечерва стартува со редовниот репертоар

пред 4 години

Ансамблот на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот или попознат како Народен театар вечерва во 20 часот по речиси седум месеци пауза продолжува со редовниот репертоар кој беше прекинат, поради состојбата со пандемијата на Ковид-19.

<!–// –>

Велес, 30 септември 2020 (МИА) – Ансамблот на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот или попознат како Народен театар вечерва во 20 часот по речиси седум месеци пауза продолжува со редовниот репертоар кој беше прекинат, поради состојбата со пандемијата на Ковид-19. Вечерва ќе биде изведена претставата „Сестрите Прозорови“ во режија на Васил Зафирчев., а која премиерно беше изведена на 22 јануари годинава. Во претставата играат актерите Кети Борисова, Маја Љутков, Славица Манаскова Митрова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски.

Инаку оваа претстава со успех беше претставена на овогодишното „Охридско културно лето“ и претходно на Театарскиот фестивал „Ристо Шишков“.

Во петок вечер на репертоарот на сцената на велешкиот Народен театар по 60 тти пат ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ во режија на Александар Ивановски во која успешно играат актерите Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски и Самоил Стојановски.

Оваа претстава е една од најуспешните последните години на велешкиот театар, а беше изведена и на повеќе театарски фестивали и гостувања во културни центри во земјава, а беше успешно изведена и во Загреб, Р Хрватска.ад/ир

<!–//
<!–// –>
Scroll to Top