Велипеток, најтешкиот ден во годината

пред 3 години

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна.

Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу луѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота.

Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни проблеми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја).

Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот.

Scroll to Top