Вечерва онлајн премиера на интернационалниот видеопроект на режисерката Теа Беговска

пред 4 години

Вечерва во 20:15 на онлајн платформата Јутјуб ќе се одржи онлајн премиерата на интернационалниот видео проект „Револуција во живо“ на режисерката Теа Беговска.

Во проектот се вклучени актери од пет држави: Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Франција, Мексико и Турција. Во проектот исто така учествуваат и други актери, музичари и уметници од сите пет држави.

Играат: Дина Мушановиќ, Томе Станковски, Пјер Мениер, Џорџ Ангелс, Зејнеп Нутку и Рујиш Беговска.

Актерите се исто така автори на видеата во кои зборуваат на пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина. Теми кои се дел од нивните животи и професии. Искажувајќи ги своите мисли и чувства пробуваат да го променат секојдневието. Овој проект беше реализиран за време на карантин.

 

Scroll to Top