( Видео)Кузеска: Економските мерки ги дадоа очекуваните резултати

пред 3 години

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска вели дека досегашните антикризни економски мерки ги дале посакуваните резултати.

„Анализата покажува дека одговорот на фискалната политика на пандемијата во државата беше брз и за претпријатијата и вработените во најпогодените дејност, како и за ранливите категории на граѓани“, рече Кузеска.

Според неа,економските мерки коишто ги презеде Владата предводена од СДСМ, имаа силно влијание и во ублажувањето негативните последици врз доходот и потрошувачката на домаќинствата, како и активноста на деловните субјекти.

„Фискалниот стимул на досега реализираните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП. Оттука, се проценува дека падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки, согласно анализата, падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, односно би изнесувал -8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%“, потенцира Кузеска.

Таа додаде дека четирите пакети од анти-ковид економски мерки значително придонесоа и за ублажување на последиците во однос на стапката на невработеноста.

„Во првото тромесечје на минатата година стапката на невработеност порасна од 16,2% на 16,7%, додека пак во третото и четвртото тромесечје бележи постепено намалување на 16,5% и 16,1%, со што просечната стапка на невработеност во 2020 изнесува 16,4%. Во однос на просечната месечна нето-плата во 2020 година забележан е раст од 7,8%, како резултат на мерките коишто владата предвоена од СДСМ, ги презема пред пандемијата“, смета Кузеска.

Scroll to Top