(ВИДЕО) Арсовски: Вонредната состојба беше искористена единствено за полнење на џебовите на функционери од СДСМ

пред 4 години

„Морам да напоменам дека ВМРО-ДПМНЕ бараше кризна па вонредна состојба бидејќи ја разбиравме сериозноста на пандемијата која што за жал и сега не е завршена и се тоа е вина на СДСМ и владата старо новата влада. Иако беше воведена вонредна состојба за справување со КОВИД пандемијата таа вонредна состојба беше искористена единствено за личен интерес и за полнење на џебовите на одредени функционери од СДСМ и од владата вклучително и Зоран Заев. Во најголемиот тек на пандемија кога сите апелираа и политичките партии и опозицијата ВМРО ДПМНЕ ние и граѓаните но и сите останати фирми, компании да се работи во насока на справување со економската и здравствената криза која што ни следеше Зоран Заев наместо тоа со неговиот тим, со неговата свита трошеа непродуктивно пари, пари на граѓаните огромни пари во целиот тој период потрошена е една милијарда евра“, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на новинарско прашање.

„Најголемиот број од тендерите во 4 очи и она што е најапсурдно беа трошени пари во време кога им беа потребни на стопанството на граѓаните за набавка на шкампи, морски плодови за функционерите за СДСМ во владата вклучително беа поделени и околу половина милион евра на невладини организации во предизборен период. Така да, единствено вонредната состојба наместо за справување со Ковид19 пандемијата, беше искористена за богатење и личен интерес на одредени функционери на СДСМ и владата. Да беа искористени вонредните состојби во насока на справување на пандемијата, односно на здравствената и економската криза, ние сега веќе ќе немавме пандемија во Република Македонија и ќе немавме проблем со корона кризата. Но, за жал сега уште повеќе пандемијата е навлезена во државата, уште повеќе зема замав и за жал се повеќе се економските последици видливи кај граѓаните и кај фирмите. И уште последна работа, Зоран Заев додека вели дека душата го боли што останале голем број на луѓе без примања и без работа во корона пандемијата, сето тоа е лицемерно и тоа не е така, бидејќи граѓаните гледаат се и неможат веќе да бидат прелажани и изманипулирани дека таа вонредна состојба на него му беше единствено важно и гајле да парите од набавките завршат како непродуктивни трошоци и наместени тендери во нивните џебови“, кажа Арсовски.

Scroll to Top