(ВИДЕО) Арсовски: Кој е одговорот на Заев и Владата по вчерашниот ултиматум од Софија?

пред 4 години

„Потценувачки е односот на Заев и Владата кон македонскиот народ, македонската држава, историја и национални интереси. Вчера денот го поминаа во Софија разговарајќи и преговарајќи со бугарската страна за проблемот со блокадата, која што ја најавија, но и длабоко се сомневаме дека разговарале за ветувањата што ги дале уште пред три години кон источниот сосед.

Крајно потценувачки и навредувачки се изјавите на бугарскиот министер Каракачанов во однос на Гоце Делчев и историјата на Република Македонија, врз кои се темелат македонската држава, идентитет, нација и јазик, нешто што им е свето на македонските граѓани. Потценувачки и уценувачки е што Каракачанов и бугарската страна даваат рокови и ултиматуми на Република Македонија и си поигруваат со чувствата на граѓаните кои што живеат во Република Македонија“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште попотценувачки и понавредувачки е што сеуште нема реакција од страна на МНР на Република Македонија, како и од реакција од Владата за ставовите изнесени од г-динот Каракачанов.

Ја повикаме Владата, Заев, Димитров и сите инволвирани во процесот, јавно да им кажат на граѓаните за што се преговарало во Софија, имајќи на ум дека јасно е потенцирано од нивна страна дека стојат цврсто зад нивната декларација изгласана во Парламентот минатата година, за кои точки имаат ултиматум да размислуваат до петок и конечно да не си поигруваат со судбината на граѓаните заради нивните лажни ветувања кои ги давале при преговарање претходно.

Затоа прашуваме дали имаат намера МНР и Владата да реагираат или ќе молчат како и до сега? Неспособноста и несериозноста на Зоран Заев не донесе до овој ќорсокак.

Жално е што за пазарџиските постапки на Заев и Димитров, но и сите останати инволвирани, во моментов губи и трпи штети само Република Македонија и македонскиот народ. Единственото решение е Влада за национален спас, наместо оваа Влада која што ја гледаме три години за национално распродавање на македонските интереси“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top