(ВИДЕО) Арсовски: Општина Штип доделила скандалозен тендер на семејната фирма на Бочварски, еден ден откако ја напуштил градоначалничката функција

пред 4 години

„Ако се уште не ви беше јасно зошто најнеуспешниот градоначалник Благој Бочварски од редовите на СДСМ стана министер за транспорт и врски, после оваа прес конференција ќе ви се разјасни.

Ако сакаш да си добар и близок функционер до Зоран Заев, мораш да работиш како него. Ако сакаш да си успешен во СДСМ, исто така мораш да работиш по примерот на Зоран Заев.

Системот за цицање на народните пари во семејните фирми кој што го воведе Зоран Заев во Струмица, не е исклучок, туку e правило на функционирање во СДСМ“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој модел се применува и во Штип. Семејната фирма на министерот Бочварски кој е доскорeшен градоначалник на општина Штип, добила тендер од општина Штип.

Имено семејната фирма „Де Лукс ДОО“ која е во сопствеништво и управувана од чичкото и таткото на Благој Бочварски, Владимир и Венцислав Бочварски, добила тендер во износ од над еден милион денари од општината, кај што истиот тој Бочварски бил градоначалник, поточно 1,139.000 денари тендер од општината.

Да биде уште посомнително тендерот фирмата го добива еден ден откако Бочварски станува министер, односно на 1-ви септември. Дали тоа значи дека семејната фирма на Бочварски учествувала на целата постапка додека траел тендерот дури тој бил градоначалник, а се чекало само тој да биде избран за министер за да се официјализира како добитник на тендерот неговата семејна фирма?

Нема ли друга фирма во Штип или во Република Македонија која можела да го добие овој тендер, па морало баш семејната фирма на Бочварски да добие милионски тендер во општина Штип?

Постои ли сомнеж парите од тендерите, тендер којшто не е прв да завршувале половина во Струмица, половина кај Бочварски и заради тоа да биде награден за министер во новата Влада?

Дали тоа значи дека треба да продолжи оваа шема на функционирање и во министерството за транспорт и врски?

Овде постои сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност и судир на интереси воедно, повикуваме Aнтикорупциската комисија и другите надлежни органи да го истражат и санкционираат случајот.

Иако ова нема да се случи бидејќи Зоран Заев го штити криминалот, сепак добро е и Вицепремиерот за борба со корупција Николовски, да не се прави при очи слеп, и уште денес да побара разрешување и санкционирање на неговиот колега министерот за транспорти врски Благој Бочварски, по примерот на Лидија Димова, за што подоцна и треба да одговара.

Ова е школски пример за грабеж на народните пари, во спротивно доколку не се преземе ништо, очигледно е дека сите се соучесници и ова им е веќе добро научена шема на функционирање“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top