(Видео) Весковски: Младите се приклучуваат кон СДСМ, партијата напредува и расте

пред 3 години

Интересот за ажурирање на членството во СДСМ е голем, но важно е што и многу нови, пред се млади луѓе се приклучуваат кон нашето социјалдемократско семејство, изјави денеска на прес-конференција Душко Весковски, организационен секретар на СДСМ.

„Радува тоа што кон партијата се приклучуваат прогресивни луѓе кои ја препознаваат СДСМ како партија со која е возможен напредок и развој на државата“ додаде Весковски притоа потсетувајќи дека набргу по процесот на ажурирње следат и првите внатрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ.

Тој воедно ги повика сите кои ги делат социјалдемократските вредности, сите кои сакаат да помогнат во создавање и реализација на мерки и политики, да се приклучат кон СДСМ.

„Денеска на пет дена до завршувањето на овој процес, ги повикувам сите членови кои досега не го ажурирале членството, тоа да го сторат во своите матични општински организации, а ја користам приликата и да ги повикам и младите низ целата држава, да се приклучат кон СДСМ“, порача Весковски.

Scroll to Top