ВИДЕО: Гореше куќа во Тафталиџе 2, близу Партизанска

пред 3 години

Пожар избувна во куќа во Тафтaлиџе 2, близу булеварот Партизански одреди, односно улицата Његошева. Од куќата половина час изглегуваше густ чад на последниот кат. Пожарот го гаснат пожарникари со три пожарникарски возила. Пожарот е локализиран.

Од куќата се евакуирани лицата кои беа внатре. Додека траеше гаснењето на пожарот, тие се обидоа да спасат и дел од покуќнината.

Густиот чад од пожарот се шири низ Карпош 4, а засега нема информации за повредени лица. На интервенција досега не се повикани екипи на Брза помош.

Засега, непознати се причините поради кои избил пожарот.

Scroll to Top