(ВИДЕО) Заев – Бетел: Луксембург е значаен глас во ЕУ за С. Македонија за старт на преговорите за членство

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев, во рамките на работната посета на Луксембург, денеска оствари средба со неговиот колега Ксавиер Бетел, на која истакна дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ е близок партнер на Северна Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја за старт на преговорите за членство во ЕУ.

Како што информира владината прес-служба, Заев како принципиелен го оценил ставот на Луксембург во врска со бугарското вето како прашање за кое не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување.

–Премиерот Бетел на средбата истакна после сите храбри одлуки што ги донесоа премиерот Заев и Северна Македонија, земјата го заслужува своето место во ЕУ, и го покани премиерот Заев останатиот дел од темите од интерес за двете земји како што е поттикнувањето на вкупната економска соработка меѓу двете земји како и можностите за директни странски инвестиции на компании од Луксембург во Северна Македонија да ги разговараат за време на прошетката низ градот, се вели во соопштението од Владата.

На средбата на премиерот Заев со Бетел присуствувал и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Scroll to Top