ВИДЕО: Затворската полиција го скри Камчев од новинарите

пред 3 години

Бизнисменот Орце Камчев е спроведен од затворот “Скопје” во Шуто Оризари во Кривичниот суд, каде ќе сведочи за случајот “Меѓународен сојуз”. Затворскта полиција го скри од новинарите трудејќи се да се доближи што поблиску до влезот на гаражата за од таму да биде спроведен во судница.

Првообвинет во случајот „Меѓународен сојуз“ е Бојан Јовановски-Боки 13 и се товари за делата измама и перење пари. Потоа, во истиот случај се гонат и експратеничката Фросина Ременски, заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, таткото на Боки – Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска.

Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажевска за помагање на двете дела (измама и перење пари), а таткото на Боки за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Според обвинението за „Меѓународен сојуз“, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра. Бизнисменот Орце Камчев е сведок предложен од обвинителката Вилма Русковска која го застапува предметот „Меѓународен сојуз“.

Scroll to Top