(ВИДЕО) Здравје, а не провизија – порача ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Министерството за здравство

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Министерство за здравство одржа протест под мотото „Здравје, а не провизија – Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива“. На протестот актерот Роберт Вељановски истакна дека ова е гласно спротивставување против неправдите, штетите и трагедиите кои ненародната власт предводена од СДСМ ги прави врз граѓаните на Република Македонија и протест против хаосот во здравството, но и против сеопштиот хаос кој владее во Република Македонија. Она што требаше да го направат, резултира не само со губење на човечки животи, туку и со разорување на македонската економија. Цели стопански гранки зависат од имунизацијата. Угостителите, туристичките работници, конфекциите не работат. Не работат ни македонските театри, македонските музичари се на работ на егзистенцијален колапс, индустријата за организирање настани е пред дефинитивен банкрот. И го повика министерот за здравство Венко Филипче да си поднесе оставка.

-Наместо да се развозувате со премиерот и свитата на вашите скапи мотори, да отворате и затворате хотели на една ноќ, додека обичниот народ не може да преживее од први до први, доблесно е барем еднаш да го повлечете вистинскиот потег. Денес, пред да тргнете на викенд со омилениот ви премиер, извадете ја кацигата, погледнете ја реалноста и поднесете оставка, рече Вељановски.

Уште колку страдања е подготвен министерот Филипче, продолжи тој да им испорача на македонските граѓани за да разберат дека одамна ја промашиле работата за која што се платени. На Македонија и беше потребен министер за здравство кој уште со првите најави за разорноста на пандемијата ќе организираше брзо, стручно, ефтино и прецизно тестирање, министер кој требаше да обезбеди дополнителни функционални болнички капацитети, министер кој требаше да обезбеди дневни болници за болните од КОВИД-19, министер кој требаше да организира сигурни извори за набавка на лекови и суплементи кои помагаат во борбата со опасниот вирус и на крајот, да обезбеди доволно капацитети во кои би се згрижувале останатите пациенти, со хронични или акутни дијагнози, кои не се заразени со КОВИД 19, но имаат нужна потреба од болничко лекување, истакна Вељановски.

За 13 месеци, 4388 наши сограѓани починаа од последиците на ковид-19.Од нив, 1024-ца, се лица кои починале во последните 30 дена, од 16 март до 16 април. Ова се поразителни факти, посочи Вељановски.

Вељановски рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка ќе поднесе Предлог Закон за дополнување на Законот за здравствена заштита со кој на сите граѓани кои користеле услуги за лекување од КОВИД 19 во приватните болници, државата ќе им се овозможи враќање на разликата во цената помеѓу државното и приватното здравство.

Scroll to Top