(ВИДЕО) Кузеска: Секоја партија, секој поединец има одговорност да се вклучи во пописот

пред 3 години

Пописот на населението којшто ќе се одржи напролет, ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци, кои се основа за градење на стратегии и политики и за натамошен развој на државата, економијата и општеството. По речиси две децении без попис, во државата има недостиг од квалитетни статистички податоци, не само за вкупниот број на населението, туку и за точниот бројот на жители во секој регион, општина, како и за нивните карактеристики – вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Позитивен сигнал е најавата на Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година. Очекуваме разумот да преовладее кај сите и по цели 19 години Република Северна Македонија да спроведе попис без мешање на политиката, согласно меѓународните стандарди. Секоја политичка партија, секој граѓанин поединец, има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите со кои институциите добиваат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, а тоа е возможно само со спроведен попис по сите меѓународни стандарди“ – рече Кузеска.

Scroll to Top