ВИДЕО: Македонија се помести од дното на борбата со корупцијата, оценува ГРЕКО

пред 4 години

Новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Македонија.

„Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави. Ова е голем упех за нас како држава и Влада“, рече вицепремиерот Љупчо Николовски.

Тој заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес конференција објаснија што значи новата оценка на ГРЕКО.

„Телото на Советот за Европа, ГРЕКО, на вчерашната пленарна седница нотираше значаен и суштински напредок во делот на исполнување на препораките во четвртиот круг на евалуација.

Станува збор за 19 препораки кои беа објавени во 2014 година и се однесуваат на спречување корупција во Парламентот, судството и обвинителството“, рече Николовски.

Според Маричиќ, сега Македонија е чекор поблиску до ЕУ, но сепак работата не завршува тука.

„ГРЕКО го констатира фактот дека во последните два мандати, министрите за правда не присуствуваат на седниците на Судскиот совет, како и со новиот Закон за Судски совет, правото на глас на министерот за правда во ова тело е одземено. Сепак ГРЕКО остана на ставот дека оваа препорака ќе се смета за исполнета кога ќе се измени Уставот, каде е утврдено дека министерот за правда учествува во работата на Судскиот совет“, рече Маричиќ.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top