(Видео) Мицкоски: Пописот да биде статистичка, а не политичка операција

пред 3 години

Членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира за да се поништи законот за попис кој ќе се донесе, најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а доколку пописот сепак се случи резултатите нема да бидат признаени.

„ Ќе има иницијатива за собирање потписи во Министерството за правда, предлог закон во Собранието за поништување на овој закон кој по насилен пат владејачкото мнозинство се обидува да го донесе“, вели Мицкоски.

На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се дискутирало за пописот и било заклучено дека попис е потребно да има, но тоа да биде статистичка, а не политичка операција. Мицкоски ги наведе Германија, Шкотска, Ирска, Романија и Србија како земји кои го одложиле пописот кој требало да се случи годинава.

Според него попишувањето кое е предвидено без покажување на било каков доказ, со диктирање на матичниот број, е подложно на злоупотреба.

„ Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без да докаже дека тие се резиденти на Македонија“, праша Мицкоски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, попишувањето со терминали за отпечаток од прст е вистинскиот начин за пописот да не биде злоупотребен.

Scroll to Top