(Видео) Начева: СДСМ место да формираат монтажен регионален ковид – центар, тие импровизираат

пред 4 години

„Какви се овие решенија што им се нудат на граѓаните во процесот на лекување од вирусот Ковид-19? Па зарем во Штип не требаше да се формира монтажен регионален ковид – центар? За информација на граѓаните, поранешниот Градоначалник бараше од Советот на Општина Штип изнаоѓање флексибилна, мобилна и едноставна структура од монтажен карактер, која требаше да одговори на потребите во справувањето со коронавирусот“, изјави Весна Нaчева од ВМРО-ДПНЕ.

Според неа, уште на 29 јули, Советот на Општина Штип донесе одлука за формирање на ваков центар. Меѓутоа и тогаш знаевме, а и сега гледаме, дека таа одлука била залудна, затоа што власта нема абер од монтажна болница.

„Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем. Откако се пополнија капацитетите на Инфективното одделение и откако се препраќаа пациентите на лекување во Кочани, раководните структури на болницата направија импровизирано одделение за болни од Ковид-19 во Одделението за кожни болести.И наместо да се фокусираат на доградба на долги години неизградената нова Клиничка болница, тие ветуваа монтажна болница. Наместо да го формираат таканаречениот монтажен регионален КОВИД – центар, тие импровизираат Инфективно, во Кожно одделение.Па така, власта веќе 9 месеци се врти во круг, додека граѓаните бараат тест повеќе, место повеќе, кислород повеќе“, додаде таа.

Scroll to Top