(Видео) Николоски: Власта уште еднаш докажа дека е во договор со криминалците во државата

пред 3 години

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во Неготино порача дека во Македонија владеењето на правото е на најниско ниво, дека криминална банда е на власт, која, како што рече е во коалиција со одредени поранешни структури, кои приредија еден вистински циркус во изминатите денови.

„ Циркус во кој што видовме дека нема п од правна држава и дека нема воопшто владеење на правото туку дека има едни мафијашки карталски договори во кои што договори треба да се избегне системот на владеење на правото, па прво заеднички се договорија бегалецот од правдата да избега за после тоа да ги испреговараат неговите услови и да го вратат назад за да одглумат пред јавноста дека успеале да го вратат назад, а во суштина реагираа на она што се вика притисок од јавност и од опозицијата. Но, видовме повторно дека се работи за политички договор од причина што ниедна правна процедура не беше испочитувана од примање на решение до тоа дека видовме дека отиде дома, а не онаму каде што заслужуваат оние кои што се бегалци од правдата“ истакна Николоски.

Тој рече дека добивал повици од луѓе кои што ја имаат напуштено Македонија, а кои што му рекле дека ова е основната причина зошто ја напуштиле земјата.

„ А тоа е дека нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт, а за жал добивам и бројни повици и вчера вечер и утрово од луѓе кои што сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина.

Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација, една генерација која што е надвор од овие криминално-политички договори, која што не е извалкана и која што има јасна, детерминирана волја да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво и оваа криминална коалиција која што во моментот функционира во Македонија да оди онаму каде што и е местото, а тоа е во затвор.

Доаѓаат подобри времиња за Македонија преку рушење на оваа власт многу брзо и предвремени парламентарни избори. Затоа ги повикувам сите граѓани на Македонија да не поддржат во оваа битка, да останат во Македонија и заеднички да ја направиме Македонија поубаво место за живеење и да ја направиме место во која што ќе функционира правната држава“ рече Николоски.

Scroll to Top