(Видео) Панова: Само богатите ли треба да имаат можност да преживеат од Ковид-19?

пред 3 години

Владата и Филипче немаат никаква контрола врз здравствената криза во Македонија.Македонија е помеѓу првите пет земји во Европа по смртноста од Ковид-19.А, вчерашниот ден Филипче и Заев го потрошија на сликање, пред комбе од приватна донација. Секоја донација секогаш е добредојдена но кога се наоколу е хаос, тогаш недозволив е ПР.Го повикувам министерот за здравство Филипче да го посети овој објект на Прва помош Струмица за да се видат катастрофалните условите во кои се пружа Прва помош. Чиста руина“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

„Ова сликањето вчера, и трошење цел ден додека луѓе умираат, беше само ПР стратегија, бидејќи оваа донација никогаш немаше да се случи ако директорот на струмичката болница панично не побараше помош од граѓаните.Уште по лицемерно е тоа што во ребалансот ни го одбивте амандманот да се набават амбулантни возила за Струмица.Инаку, болнички возила недостасуваат низ цела Македонија, затоа што четири години не успеавте да набавите ниту едно болничко возило.

Бидејќи Филипче престана со секојдневните прес конференции, треба да одговори до кога пациентите во јавното здравство ќе имаат различен третман со оние кои што се лекуваат во приватните болници. Нека одговори колку пациенти до денес починале во јавните здравствени установи, а колку во приватните? Треба ли само богатите да имаат можност да преживеат?Во Македонија на големо пациентите купуваат лекови на своја рака. Сами се снаоѓаат.А, власта се уште не кажува зошто терапијата што функционира и вродува со плод во приватните болници, не се применува и во државното здравство?“, додаде таа.

Според Панова, голем проблем е и бројот на тестови. „Апелирам драстично да се зголеми тестирањето. Не смее тоа да е луксуз и повторно само за оние кои можат да си дозволат 4.000 денари за да можат да се тестираат.Министер Филипче колку денови се чека за термин за некој да се тестира, а се разбира при тоа да не е функционер на СДСМ.
Се носеа измени во Законот за здравствена заштита и тоа за мерки наменети за дисциплина на граѓаните, но она што е неопходно е и носење на измена со која ќе се овозможи под еднакви услови на секој кој што има потреба, да се овозможи итен тест, и тоа истиот ден.Бидејќи повеќе не очекуваме ниту Ваша реакција, ниту одговори.Очекуваме Ваша оставка“, вели таа.

Scroll to Top