ВИДЕО: Пендаровски го одликуваше Бигорскиот манастир со Орден за заслуги

пред 4 години

По повод еден милениум постоење, Бигорскиот манастир е одликуван со „Орден за заслуги за државата“.
https://www.youtube.com/watch?v=ckxuLlbuM5U&ab
Претседателот Стево Пендаровски на свеченоста пред неговата резиденција изјави дека нашата генерација има извонредно ретка можност да биде сведок на ваков импресивен јубилеј.

„Честа за мене е уште поголема што како претседател имам привилегија на манастирот да му доделам високо државно признание. Живееме во страв и претпазливост поради вирусот и се соочуваме со економските последици кои тој ги предизвикува. Илјадагодишната приказна на Бигорски не потсетува дека животот не е само мед и млеко. Во борбата за порадосен и поисполнет живот, моќна на древните вредности како што е Бигорски можат да ни послужат како дополнителна инспирација. Ви посакувам и во следното илјадалетие да останете верни на традицијата“, рече Пендаровски.

Епископот Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител посочи дека е значајно што орденот се доделува во време на духовна и морална ерозија, кога искуството на предците е до крајност замарено.

Ја поздрави поддршката на државниот врв за признавање на Македонската православна црква Охридска архиепископија.

На свеченоста присутен беше и премиерот Зоран Заев, а настапи и бигорскиот монашки хор.

Scroll to Top