ВИДЕО: Полицаец трчаше по автомобил за да го застане, откако гостиварец се обиде да му избега

пред 3 години

Гостиварец ќе прегазеше полицаец во обид да избега со возило. Настанот се случи доцна попладнево, кога во центарот на градот, сообраќајна полициска контрола го застана 49 годишниот возач од гостиварското село Балиндол, за да го легитимира.

Наместо да застане и ги испочитува наредбите од службеникот, тој се обиде да му избега, а полицаецот трчаше по возилото за да го застане.

„Во 17.10 часот на ул.Б.Ѓиновски во Гостивар бил лишен од слобода И.Б. (49) од с. Балиндол поради напад на службено лице при вршење на службени дејства. И.Б. е приведен во ПС Гостивар и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР за „А1он“.

Од видеото се гледа дека откако еден од службениците успева да го стопира возилото трчајќи по него, го вади возачот од внатре, по што е приведен. Во настанот, нема повредени.

Scroll to Top