(Видео) Почина Селма од познатиот хит на „Бјело дугме“

пред 3 години

Селма Бориќ, протагонистката на култниот хит „Селма“ на Бијело дугме, почина на 92-годишна возраст, пренесува Телеграф.рс.

Таа била инспирација за Владо Дивјак, кој напиша една од најубавите рок-балади, бидејќи Селма била жената во која тој бил заљубен. Но, тоа никогаш не ѝ го признал на Селма.

Своите чувства Владо ги искажа во стиховите што ги отпеа Жељко Бебек (75).

„Нејзиното семејство ме извести утрово. Поради короната не ја посетував долго време. За жал, староста ја однесе, но таа заспа мирno. Мојата Селма ја нема. Јас ќе продолжам да ѝ пеам. Со задоволство ќе се сеќавам на неа“, рече Бебек за „Дневни аваз“.

Селма го запознала Владо кога имала 16 години. Иако тој никогаш не ѝ признал што чувствува, сите дознале откако ја слушнале песната.

„Еднаш ме сретна со куфер, па ми го носеше до станицата, а потоа ми помогна да влезам во возот. Во тој воз имаше скршен прозорец, а тој тогаш ми рече: ‘Селма, не наведнувај се низ прозорецот’ “, рече Селма кога беше гостин во емисијата „Осми кат“ на ХРТ пред неколку години.

По тој повод, таа призна дека многу ја сака оваа песна, но дека на почетокот никој не ѝ верувал дека песната е посветена на неа.

Селма беше ќерка на градоначалникот на Зеница, Абдулазиз Аско Бориќ.

Scroll to Top