ВИДЕО: Почна расчистувањето на „Глобал“

пред 3 години

Во Струмица почна расчистувањето на остатоците во трговскиот центар „Глобал“ кој беше зафатен од голем пожар во саботата. Опожарени се една третина од пазарот, десетина дуќани на приземјето, првиот и дел од вториот кат.

Според најавите расчистувањето треба да трае два дена, а птоа треба да почне санацијата.

Расчистувањето започна откако вчера обвинител од струмичкото Основно јавно обвинителство, инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, како и крим-техничари од МВР го завршија увидот на терен.

Пожарот во „Глобал“ избувна вечерта на 2 јануари, а во неговото гаснење учествуваа 61 пожарникар со 18 возила. Опожарени беа една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот на трговскиот центар.

Scroll to Top