ВИДЕО: Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јорданов му поставуваше прашања на Заев на прес конференција

пред 3 години

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов од Штип се појави на настанот во градот на која присуствуваше премиерот Зоран Заев и инсистираше да постави неколку прашања. Иако Заев забележа дека прес конференцијата е за новинари, Јорданов ги постави трите прашања.

„Прво со кој образ ветувате дека за 9 месеци ќе ги реализирате проектите кои што три и пол години не ги реализиравте? Второ, дали знаете во компанијата Баргала која што е во роднинска врска со вашиот кандидат пред десетина дена има исплатено плата од 2 денари на вработените? И последно прашање кој ви дал право да преговарате во име на македонскиот народ, да го продавате македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет“ – праша Јорданов.

Scroll to Top