Вицепремиерот Фатмир Битиќи во изолација поради контакт со позитивен на Ковид-19

пред 4 години

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи објави дека оди во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19.

Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на…

Posted by Fatmir Bytyqi on Петок, 16 октомври 2020

„Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но од друга страна и одговорност за себе и луѓето околу нас и почитување на насоките на Институтот за јавно здравје за изолација и тестирање кога сме имале контакт кој можеби не става под ризик“, напиша Битиќи на Фејсбук.

Тој информира дека поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена оди во самоизолација, по што ќе направи тест.

„Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично.Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби. Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет. Бидете здрави и живи и ова ќе помине“, порача тој на Фејсбук.

Scroll to Top