Вклучувањето на Армијата во обезбедување на болниците – превентивна мерка во случај на наплив на пациенти, информира Арсовски

пред 4 години

Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска посочи дека одлуката за вклучување на војската во обезбедување на здравствените институции е логистичка поддршка и превентивна мерка во ситуација кога има поголем број на пациенти во болниците.

– Многу е јасна формулацијата. Ова е логистичка поддршка на некој начин и превентивна мерка, во ситуација кога има наплив на пациенти и кога од сите е потребно да бидат ангажирани и како приватни лица, како пациенти и оние кои се на првата борбена линија во справувањето со Ковид-19, да се задржи минимум ред и секако е во насока на одржување на колективното здравје и справување со последиците од коронакризата, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање околу деталите за оваа одлука.

Вчера Владата го прифати предлогот на Министерството за здравство за потребата од дополнителна асистенција на припадници на Армијата во обезбедувањето на болниците, како дополнителна испомош на припадниците на МВР, со заклучок за тоа да се побара согласност од претседателот на државата.

Scroll to Top