Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија

пред 3 години

Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски.

Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Во последните недели, откако стана актуелен проблемот со блокадата од Бугарија за почетокот на пристапните преговори за Македонија, Бучковски се појавуваше во јавноста со анализи околу прашањето.

Scroll to Top