Владата најостро го осуди инцидентот со говор на омраза предизвикан од навивачка група на плоштадот „Македонија“

пред 4 години

Владата, на денешната седница дискутираше за последниот инцидент со говор на омраза предизвикан од навивачка група на плоштадот „Македонија“ во Скопје, при што  донесе заклучок со кој најостро го осудува навивачкото поведение со кое се предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост врз етничка основа. Скопје, 14 септември 2020 (МИА) – Владата, на денешната седница дискутираше за последниот инцидент со говор на омраза предизвикан од навивачка група на плоштадот „Македонија“ во Скопје, при што  донесе заклучок со кој најостро го осудува навивачкото поведение со кое се предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост врз етничка основа. Владата беше информирана дека МВР презема соодветни активности за расчистување на делото, за што соодветно ќе ја информира јавноста. Владата го повикува Јавното обвинителство проактивно да делува во рамките на своите надлежности и да постапи за вчерашниот случај на говор на омраза на плоштадот. – Владата апелира до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик, соопштија од владината прес-служба. см/скс/

Извор: mia.mk

Scroll to Top