Владата усвои план за прераспределба на „рамковите“ административци

пред 3 години

Владата го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5. Новите решенија за работа ќе им бидат доделени во наредните денови. 1349 лица ќе бидат распределени во 237 институции.

Министерството за финансии веќе има дадено согласност за планот за систематизација на административните службеници, додека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено во рок од седум дена од приемот на актите за систематизација на овие административни службеници да ја заврши постапката за согласност за работните места каде што ќе бидат сместени овие административни службеници.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е должно во рок од 15 дена по усвојувањето на Планот, да изготви индивидуални одлуки за секој административен службеник што ќе биде систематизиран во органите на државната администрација.

Органите на државната администрација се должни на административните службеници кои ќе ги прифатат во нивните институции, да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.

Scroll to Top