Владата ја укина забраната за летови од Велика Британија

пред 3 години

Владата на вечерашната седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, соопштуваат од владината прес-служба.

Заедно со мерката, воведена како превентива против ширењето на новиот вид на коронавирусот откриен во Британија, укината е и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаат од овие дестинации.

Ограничувањата беа воведени пред девет дена, на 21 декември, со важност до крајот на годината.

Scroll to Top