Владата ќе ја одржи 70-тата седница, на дневен ред ИПА 2 програмите

пред 3 години

Владата вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе ја одржи 70-та, тематска седница, целосно посветена на Информацијата за проектите кои се финансираат преку ИПА 2 програмите во Република Северна Македонија, известуваат владините служби.

На седницата, пред министрите, за разгледување, ќе се најде и Информацијата за статусот на проектите кои се финансираат од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори, во насока на искористеноста на заемите и инвестициските грантови за истите, заклучно со 30.04.2021 година.

За заклучоците и одлуките од денешната тематска Владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Scroll to Top