ВМРО ДМПНЕ: Реконструкцијата на Универзалната сала е нова лага на Шилегов, немаат проект, ниту план

пред 4 години

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје реагира на најавите на градоначалникот Петре Шилегов за реконструкција на Универзална сала. Во соопштение, советничката група тврди дека градските власти со најавата за дислокација си купиле три години.

„Новата лага на Шилегов се вика реконструкција на Универзалната сала. Оваа негова нова шарена лага се гледа од авион. Нема пресметка за тоа колку би чинела најавената реконструкција, нема план, ниту проект за реализација.Претходната власт на ВМРО ДПМНЕ на Петре Шилегов им остави два завршени проекти. Еден за комплетно нова сала на истото место и вториот проект за темелна реконструкција со проширување на истиот. Бидејќи поминаа три години, а ниту една од можностите не ги искористија, јасно е дека Петре Шилегов “мати празна слама” и продава басни додека Универзалната сала пропаѓа. За три години кое и решение оставено од Трајановски да го искористеше денес Скопје ќе имаше нова сала.
На Скопје му треба градоначалник, не шминкер“ – стои во соопштението од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.
Градоначалникот Шилегов денеска објави дека реконструкцијата на Универзална сала ќе биде завршена во 2021 година.

Scroll to Top