ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме негаторските и шовинистички изјави на Џамбаски кон постоењето на Македонија

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти дека ги осудува „негаторските и шовинистички изјави на Ангел Џамбаски кон постоењето на Македонија“, кои бугарскиот европратеник и заменик-претседател на десничарската ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, ги изнесе во предизборен спот објавен денеска.

Од ВМРО-ДПНЕ велат дека Владата „мора да има системски одговор на ваквите провокации и навреди“.

„Ова ли е заедничкото пријателство за кое збори Заев? До кога ќе молчи македонската влада на ваквите негаторски и шовинистички изјави? Ова доаѓа откако и самиот Заев даде скандалозни толкувања за јазикот, историјата и идентитетот,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top