ВМРО-ДПМНЕ: Да направиме електронски попис кој сите ќе го поддржиме

пред 3 години

„Зоран Заев и власта да се откажат од спроведување на насилен попис кој ќе биде фалсификат, чии бројки веќе однапред коалиционо ги договориле и наместо тоа да се организира електронски попис кој сите ќе го поддржиме.
За доброто на државата да го повлече пoстојниот Законот за попис и наместо фалсификат попис да се спроведе електронски попис“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, електронскиот попис ќе се спроведе врз основа на јасна методологија, со мечирање на повеќе бази со податоци.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за поништување на постојниот Законот за попис, а доколку власта помине и преку волјата на граѓаните, ќе повикаме на масовно попишување на населението во државата и на сите македонци од дијаспората. Ќе има трага, а при промена на власта ќе бидат детално разгледани злоупотребите при пописот за што ќе има и одговорност.Заев има шанса да се откаже од фалсификатот и да прифати електронски попис“, се додава во соопштението.

Scroll to Top