ВМРО-ДПМНЕ: Заев одби единство во разговорите, за да сега со осудениот криминалец Бучкоски ја продаваат Македонија

пред 3 години

„Заев одби единство во разговорите, за да сега со осудениот криминалец Бучкоски ја продаваат Македонија. „Тандемот лепливи прсти“ Заев – Бучковски кој ја раскрчми Македонија сега ќе решава за македонскиот јазик, идентитет и историја.

Бучковски на јавноста и е познат како премиер кој својата политичка кариера ја заврши со политички договор за разрешница на аферата за тенковски делови“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Бучковски Македонија го памети по продажбата на ЕСМ, милионите од Телеком и аферата „Бачило“.

Во време на Бучковски во Македонија се случија многу криминали, но ниту една разврска.

Заев е човекот кој беше фатен со поткуп, вмешан е во Рекет 1 и 2, сели тендери за марихуана, и по струмичките камиони кои вртат во РЕК.

Заев бира луѓе слични на себе. Затоа Бучковски ќе преговара за македонскиот јазик, идентитет и историја, затоа што исто како Заев се пазари и продава, но за жал евтино, а овој пат на продажба им е Македонија.

Да не дозволиме да ја продадат државата! Излези на улица додека не е предоцна!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top