ВМРО-ДПМНЕ: Заев тргува со името, историјата и јазикот – утре протести во 20 градови

пред 3 години

„Протестираме затоа што Заев ќе ја менува историјата во учебниците, за договарањето на заедничка историја со источниот сосед и тргувањето со историски личности. Протестираме затоа што договор со Бугарија има, но сеуште македонските граѓани не ја знаат цената која треба да ја платат,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено вечерва до медиумите.

Од партијата велар дека утре во Скопје ќе постават блокади пред Владата на Република Македонија, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда од 16:00 до 17:00 часот.

„Утрешните надпартиски протести за оставка на Заев, слобода на народот ќе се одвиваат во дваесет градови низ Македонија и тоа: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола.

Ги повикуваме сите граѓани да протестираме сега и да се спротивставиме на негаторските политики на оваа власт, пред да биде предоцна!,“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top